Речиси се во Германија ќе запре на полноќ, објави Дојче веле.
Возовите нема да сообраќаат речиси воопшто, само тој во Берлин ќе сообраќа од аеродромот.
Јавниот превоз треба да запре и во седум од 16-те провинции.
Најголемиот штрајк во последните три децении ќе остави милиони луѓе без редовен превоз, а патиштата најверојатно ќе бидат заглавени со автомобили. Ваков предупредувачки штрајк свикаа два важни синдикати, Синдикатот на железничарите и транспортните работници (ЕВГ) и Синдикатот на услуги „Верди“.
Синдикатите бараат повисоки плати со оглед на зголемувањето на цените, како и подобри услови за работа за околу 2,7 милиони вработени во јавниот сектор и транспортните дејности. Утре започнува нова рунда преговори.
„Верди“ бара 10,5 отсто повеќе за јавните службеници, чии плати се еднакви на платите на голем број вработени на аеродромите или во јавниот превоз, но минималното зголемување да биде 500 евра месечно бруто.
Одбиена е понудата на работодавачот покачувањето да изнесува пет отсто во два чекори, а да се плаќа еднаш за 2.500 евра. Германските железници и педесетина други железнички компании го понудија истото на синдикатот ЕВГ.
ЕВГ одбива, бара 12,5 отсто повеќе плата и најмалку 650 евра месечно.
Анкетата на агенцијата за истражување на јавното мислење YouGov покажува дека 55 отсто од граѓаните го поддржуваат штрајкот. Најавено е дека ќе трае еден ден и дека состојбата ќе се нормализира во вторник.