Според видеата и фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, во близина на рускиот воен аеродром на Крим се случила експлозија или пожар.

На видеото се гледа чад што се издига од населбата Хвардијске во областа Симферопол, каде што се наоѓа воздухопловната база.

Лидерот на Крим, назначен од Русија, Сергеј Аксјонов, на својот канал „Телеграм“ изјави дека „во областа Симферопол е соборен дрон“. „Се урна во поле. Немаше жртви или материјални штети“, додаде Аксјонов, а пренесува Си-Ен-Ен.