Хамза Јусаф, првиот премиер муслиман на Шкотска, сп молитвата ја помина првата вечер во официјалната резиденција

Новоизбраниот премиер на Шкотска сподели фотографија како го води своето семејство во молитва на неговата прва ноќ во официјалната резиденција, Бета Хаус.

„Посебен момент да го одведам моето семејство на молитва во Бета Хаус, како што е вообичаено откако го прекинавме нашиот пост“, напиша тој на Твитер, споделувајќи фотографии од молитвата и со членовите на семејството.

Шкотскиот парламент во вторникот го избра Јусаф, лидер на Шкотската национална партија (СНП) за нов прв министер.

Јусаф стана првиот муслиман кој раководел со голема партија во Обединетото Кралство.