Хрватскиот хидрографски институт измерил рекордни бранови во акваториумот Ровињ, Сплит, Плоче и Дубровник, а највисоките бранови – повеќе од девет метри се регистрирани во Дубровник.
Највисок бран е измерен во Дубровник, покрај островот Св. Андреа – 9,03 метри.
Во акваториумот Ровињ висината на брановите била осум метри.
Тие податоци ќе придонесат за зголемен степен на безбедност при пловидба во тие подрачја и изработка на безбедносни препораки, нагласуваат од Институтот.