Словенците годишно на гробови на свои најмили запалиле 16 милиони свеќи што е осум по глава на жител. Пред нив се само Хрватите и Полјаците, објавија словенечки медиуми.
Во деновите околу верскиот празник Сите свети, на гробиштата се наоѓа околу 1.200 тони отпадни свеќи, а проблемот со кој се соочуваат оние кои се занимаваат со преработка е голем.
Словенија е единствена држава во Европа која е загрижена поради отпадниот восок и единствена има регулации со државни уредби.
Акумулациите на големи количини отпадни свеќи од гробиштата државата сега има намера да ги реши со посебен интервентен закон со кој за одвезување отпадна амбалажа наменува 3,6 милиони евра.
Државната ревизија покажала дека минатата година Словенија во областа рециклирање отпадни свеќи не била успешна ниту спроведувала мерки за намалување на нивната употреба што би било корисно од еколошки и економски аспект.