Прес конференцијата на Левица која се одржува под директна нарачка на СДС е во целост лажна.
Ниту имало тајни средби, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ разговара за прифаќање на уставните измени под бугарски диктат.
Затоа против Левица ќе биде покрената тужба за клевета доколку не се извинат за лажните тврдења.
Единствените можеби тајни средби се тие на Апасиев кога добива задачи од Богданка Кузевска за посериозни нарачки.
Но тоа не го менува фактот дека коалицијата СДС-Левица е јавна и транспарентна.