Во вчерашната акција на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Финансовата полиција проверени се 20 фирми и скоро сите ќе бидат казнети бидејќи имале доволно залихи на овошје и зеленчук, но не ја почитувале одлуката за дистрбуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата во јануари и февруари, поради што за нив ќе следат казни од 800 до 10. 000 евра, објави „Сител“. 

Двајца на Кванташки пазар се казнети и затоа што продавале како физички лица. Од фирмите, пак, се одземале фактури од увозот на овошјето и зеленчукот кои треба да покажат дали и како се лажирале увозните цени за да се избегнат царинските давачки. Истрагата и контролите ќе продолжат од утре – рече директорот на ДПИ Гoран Трајковски за Сител.

Тој вели дека надлежните институции од фирмите ги имат земено сите потребни документи и дека проверката ќе продолжи и од утре.