Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов вечерва изјави дека нема да гласа за предложените измени во девет закони за изградба на автопатиштата од Коридорите 8 и 10д ако не се организира јавна расправа. За уставните измени тој предлага да се распише референдум или, како што вели, подобро е да се оди на предвремени парламентарни избори наесен.

„Околу предложените измени во девет закони за “Бехтел и Енка”, предлагам истите да не се носат во скратена постапка и без поширока експертска расправа, инаку не сум подготвен истите да ги поддржам, особено што за целиот процес има сериозни индикации за корупција”, изјави за Сител, Трајанов.

Од 15 јули 2022 година топ тема се уставните измени а досега не видовме ниту амандмани, ниту анализа што би значеле истите, рече Трајанов и предложи за уставните измени да се оди на референдум, иако, како што рече тој, подобро е наесен да се оди парламентарни избори.