Тренерот на Белгија, Роберто Мартинез, не сакаше да коментира за можноста да го преземе Реал Мадрид.

Шпанскиот тренер на „црвените ѓаволи“ е меѓу варијантите за позицијата во „лос бланкос“ по разрешувањето на Хулен Лопетеги и привременото назначување на Сантијаго Солари.

– Да не губиме време со ова, одговори тој гласно за „ВТМ Ниеувс“, прашан за можна промена на клубот.

Портпаролот на белгиската федерација, Стефан Ван Лок, пак за шпанските медиуми изјави дека не коментира за договори на Федерацијата со своите вработени.

Мартинез има договор со Белгија до летото 2020 година.