Американскиот претседател Доналд Трамп изjави дека САД се при крај со изработка на план што предвидува да не се дозволи азил за луѓе кои илегално влегле во државата.
– Мигрантите кои бараат азил мора на начин предвиден со законите да се претстават при влегување во државата, изјави Трамп.
– Тие кои избрале да ги прекршат на[ите закони и влезат нелегално, нема во иднина да може незаслужено да користат право автоматски да добијат дозвола за влез во нашата држава.
Тој не прецизираше дали новите прописи ќе се оденсуваат само на луѓе во караванот од Средна Америка или на сите кои сакаат да влезат во САД.
Сегашниот Имиграциски акт дозволува секој имигрант кој ќе дојде во САД да може да побара азил без оглед дали влегол или не преку официјален премин.