Околу 486 милиони луѓе во Азија и регионот на Тихиот Океан страдаат од недохранетост и нема напредок во намалувањето на гладта, наведуваат ОН.

Во извештај на ФАО и уште три агенции на ОН се укажува дека повеќе од половината деца во светот кои се недохранети, живеат во Азиско-Тихоокеанскиот регион.

Гладта води до забавен развој и траен инвалидитет, а состојбата се усложнува од недостигот од постојан пристап до храна како и лоши санитарни услови, дури и во големи градови.

Главна причина е сиромаштијата и нееднаквиот пристап до храна, чиста вода и тоалети. Многу од погодените од глад работат земјоделие или во сива економија и не може да сметаат на социјална помош во време на криза или да купуваат доволно храна за своите деца.