Американските власти обвинија компанија која е под контрола на кинеската влада, една тајванска компанија и тројца тајвански државјани за обид за кражба на индустриски тајни на американскиот производител на полупроводници Микрон Технолоџи.

– Таа афера и други неодамнешни случаи покажуваат брз раст на кинеската индустриска шпионажа против САД, изјави на прес конференција американскиот државен обвинител Џеф Сешнс и најави тужби.

Микрон, со седиште во Ајдахо е четврти светски производител на полупроводници   со пазарен удел од 20 до 25 отсто во индустријата на ДРАМ (меморискичипови) и техоллогија што до неодамна Кинезите ја немаа во свои раце, прецизираше Сешнс.

Проценките се дека американската фирма има загуби поради тоа од оклу 8,7 милијарди долари.

Обвинети се компаниите Фуџијан Џинхуа Интегрејтед Сиркут (Кина), тајванската компанија Јунајтед микроелектроникс Крп. И тројца тајвански државјани меѓу кои и Чен Женгкун, поранешен директор на една тајванска филијала на Микрон, ММТ.

Кина ја отвори Фуџијан Џинхуа во февруари 2016 година за производство на електронски чипови со вложени 37 милијарди јуани (5,34 милиони долари).