Огромен змеј што исфрла оган се запали за време на настап во живо во Дизниленд во Калифорнија.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека сцената е запалена и преку системот за јавно обраќање била информирана публиката дека шоуто не може да продолжи поради непредвидени околности.

Луѓето биле евакуирани од областа во забавниот парк Анахајм поради пожарот. Според извештајот на пожарникарите, нема повредени.

Пожарот избувнал за време на изведбата на Фантасмица, која користи специјални ефекти, најсовремена проекција и многу пиротехника. За време на изведбата, Мики Маус диригирал сцени од класиците на Дизни, како што се Аладин и Кралот Лав.

Змејот што го претставува негативецот на Дизни Малефисент во еден момент подригнал оган. После тоа, дошло до експлозија на змејот и огромен пламен го зафатил целиот.

Посетителите од неколку околни атракции се евакуирани поради густ чад, објави тематскиот парк. Оттаму додаваат дека причината за пожарот се уште се истражува. Слични сцени со пожари ќе бидат суспендирани во сите забавни паркови низ светот како мерка на претпазливост.