Во следните два дена во Скопје ќе се одржува „Самит Македонија 2025“. Официјалното отворање на Самитот е денеска, а на учесниците ќе им се обратат премиерот Димитар Ковачевски и извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсоска-Блажевска.

Фокусот на годинaшниот Самит е просперитетни економии преку општествена трансформација, дигитализација и стратешко лидерство.

На 12-тото издание на овој престижен регионален настан, во вкупно 13 панели со актуелни теми, своите богати искуства и знаења ќе ги споделат 40-тина врвни говорници.

На затворањето на Самитот, како што е најавено, ќе се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски.

„Самитот Македонија 2025“ е врвен регионален собир кој служи како платформа за споделување знаење, поврзување на организациите и инспирација за промени во Југоисточна Европа.

Секоја година на Самитот присуствуваат креатори на политики, лидери на компании кои работат во регионот, членови на дипломатскиот кор и на меѓународни организации, како и претставници на академската и на граѓанската заедница.