Кои се пратениците предлагачи на законите за реализација на договор кој само владините челници го имаат на увид, додека се редат низа обвинувања за проблеми со договорот со Бехтел и Енка? Ниту еден од нив по струка не е квалификуван да донесува вакви законски измени.
Меѓу нив доктори, ликовни уметници, професор по физичка култура, педагог…
Овие закони произлегуваат од договорот кој Ковачевски и Груби го промовираат и со сета сила го бранат додека се нижат низата нејаснотии околу истиот.
Додека јавноста бурно реагира што Ковачевски си игра како Македонија да е негова сопственост, па одлуките може да ги носи сам и договорите да ги крие, пратениците треба да му ја одработат агендата “на слепо“. Но, овие кои се предлагачи ниту можат да направат експертиза, ниту се стручни да го објаснат или да доведат до негова реализација.
Ковачевски рече дека по барањето што го доставија пратениците го известил претседателот на Собранието дека владиниот тим е подготвен веднаш да го презентира Договорот пред собраниското тело што ќе биде определено.
-Дел од пратениците испратија испратија писмо до Владата да се запознаат со Договорот, јас веќе одговорив до претседателот на Собранието, не знам дали го има примено во неговата архива бидејќи беше на службен пат, во коешто го информирав веднаш исто како што стоеше и во соопштението дека тимот на Владата е подготвен на Комисија или на тело што ќе го определи Собранието веднаш да отиде и да го презентира Договорот пред сите пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат. Кога ќе кажат од Собранието, подготвени се веднаш да отидат бидејќи сепак на владините претставници треба да им се каже во која Комисија треба да отидат, изјави Ковачевски.
Во продолжение погледнете кои се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка
Арбана Пашоли, Институт за психологија, УКИМ – Скопје.
Арбен Зибери, Доктор по медицина, Медицински факултет
Арбер Адеми, докторски студии на Универзитетот на Тирана, Република Албанија
Арта Биљали-Зендели, Доктор на науки, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, УКИМ
Бајрам Кадрија, Факултет за ликовни уметности – дипломиран графичар
Бедри Фазли, Магистер, Приштина
Берат Ајдари, Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово
Вјолца Адеми, Педагошки факултет „Климент Охридски“ – Скопје; ДТУ.
Љатифе Шиковска, Професор по физичка култура, УКИМ – Скопје.
Марија Георгиевска, Mагистранд по економија на бизнис, Институт за бизнис економија; Дипломиран економист, Факултет за бизнис економија
Мерита Колчи Коџаџику, Педагошки факултет
Ненад Коциќ, Специјалист по интерна медицина, Медицински факултет, Скопје
Рина Ајдари, Магистер, Универзитет на Југоисточна Европа
Фиснике Бектеши Шаќири, Доктор, Докторски студии – УКИМ; Дипломски и мастер студии – Универзитет во Тетово
Халил Снопче Доктор, SEEU.