ВО МАТИЦА ЕКСКЛУЗИВ ПРОМОЦИЈА НА РОМАНОТ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ЈАНКА КАНЕВЧЕ ОД БЛАЖЕ МИНЕВСКИ
Во книжарницата “Матица ексклузив“, утре (3 мај), во 12 часот ќе се одржи промоција на романот “Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски.
Романот “Ако се родат некакви чувства“ е посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче. Ова е прв роман, ремек-дело на македонската книжевност, во кој се објавени автентични сведоштва за тајните средби на Гоце и Јанка, за интимните моменти, за заедничките планови, но и за траумите кои им ги приредил животот.
На промоцијата за најновото прозно дело на Блаже Миневски ќе зборуваат Јордан Плевнеш, д-р Марина Мијаковска и Бранко Ставрев, извадоци ќе чита актерот Владо Јовановски, а музичкиот дел е резервиран за Драган Даутовски и Васил
Атанасов.