Коста Кецмановиќ, кој утринава околу 8:40 уби осум свои врсници и училишен чувар, со својата мајка е во Полициската управа за град Белград.
Тој е во шестото одделение за малолетничка деликвенција каде што е и обвинител за малолетници.
„Момчето е на посебно место, ќе биде сместено во посебен дел од Клиниката за невропсихијатрија“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ученикот од 7-мо одделение во „Владислав Рибникар“, 13-годишниот Кецмановиќ, не одговара кривично, соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград.
Согласно Законот за малолетни сторители и казненоправна заштита на малолетни лица, тој е кривично неодговорен, бидејќи не наполнил 14 години, се вели во соопштението на тоа обвинителство.
Според налогот на Вишото јавно обвинителство во Белград, на таткото на момчето, Владимир К.(48) му е одредена мерка притвор до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело Тешко дело против општата безбедност, јавува Блиц.
Според медиумите, му се заканува затворска казна од 2 до 12 години.