Наредбата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги дошла од „врвот на саудиските власти“, нагласи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој сепак го иззема кралот Салман од каква било одговорност во напис објавен во Вашингтон пост.

„Сакам да истакнам дека Турција и Саудиска Арабија одржуваат пријателски врски“, пишува Ердоган.

„Не верувам дека кралот Салман чувар на светските џамии наредил пукање во Кашоги, тврди Ердоган.

Кашоги беше убиен на 2октомври во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул каде дошол за административни формалности за венчавка.

„Знаеме дека извршителите на убиството се меѓу 18 осомничени кои ги држи Саудиска Арабија. Занеме и дека тие луѓе дошле за да извршат наредба што ја добиле: да биде убиен Кашоги и да заминат. На крајот, знаеме дека наредбата за убиството на Кашоги дошла од врвот на саудиската власт, напиша турскиот претседател.