Во историска акција на српската полиција, во соработка со Обвинителството за организиран криминал, уапсени се 13 лица осомничени дека се членови на балкански нарко картел.
Членовите на картелот биле уапсени во луксузни станови и куќи, пишува „Блиц.рс“.
Станува збор за картел кој бил главен за дистрибуција и шверц на кокаин на територијата на Европа.
Запленети се големи суми пари, а забележани се и скапи часовници. Уапсените се пронајдени во луксузни куќи и станови, кои имаат и приватна теретана.
„Србија со уште една успешна акција покажа и докажа дека е успешен партнер. Заедно со Европол беа уапсени 13 лица, членови на ОКГ, која функционираше од неколку независни ќелии на балканскиот картел. Се верува дека тој стои зад пратките од повеќе тони кокаин кои во Србија пристигнале од Јужна Америка. Со оваа акција беше соборена најголемата организација за трговија со дрога. Уапсени се и организаторите М.Ш и М.Л. Во текот на 2020 година се запленети најмалку седум тони кокаин и тоа се доведува во врска со овој картел“, изјави шефот на УКП, Нинослав Чмолиќ.
ж