Министерството за одбрана на Русија соопшти дека го подигнало својот борбен авион за да спречи француски и германски патролни авиони да навлезат во рускиот воздушен простор над Балтичкото Море, пренесува „Ројтерс“.
Тие нагласуваат дека одлуката ја донеле кога откриле дека два авиони летаат кон рускиот воздушен простор.
Тврдат дека се работи за германски патролен авион P-3C и француски поморски патролен авион Атлантик-2. Францускиот и германскиот авион се свртеле откако увиделе дека рускиот авион полетал. Тие истакнаа дека после тоа Су-27 се вратил во базата.