Елена Доцевска Божиновска, која во последните месеци од 2017 беше притворена и оделжа неколку месеци во политичката хајка што Заев и неговата компанија ја спроведоа со поддршка на нивните платеници во новинарството, штотуку објави дека ја добила битката во Стразбур. Во нјеинзта објава ан ФБ пишува:
ЈА ДОБИВМЕ БИТКАТА ВО СТРАЗБУР!
Може да забави, но не и да заборави…
После повеќе од 5 години, стигна ПРВАТА ПРЕСУДА за „27ми април“ од Европскиот суд за човекови права!
СЛАВА ТЕБЕ ГОСПОДИ!
Да живеат УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Засега нема подетални информации на што се однесува „добиената битка во Стразбур„ ниту од неа ниту од адвокатката која ја споменува во објавата, но според нашите сознанија најверојатно станува збор токму за притворот без основа.
Таа беше уапсена во нејзиниот дом, пред нејзините деца, а односот на властите може слободно да се оквалификува како ѕверски.