Земјотрес со интензитет од 7,1 степен е регистриран денеска југоисточно од островите Лојалти, кои се дел од францускиот архипелаг Нова Каледонија, соопштија локалните власти.
Американскиот геофизички институт соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 36 километри. Епицентарот на земјотресот бил на оддалеченост од 416 километри југоисточно од административниот центар на Нова Каледонија, градот Нумеа, каде живеат повеќе од 94.000 луѓе. Засега нема информации за жртви или материјална штета.
Австралиската метеоролошка служба соопшти дека по земјотресот нема опасност од цунами за Австралија.