Вработените во судската администрација си го барат неисплатениот додаток на платата за април, во спротивно најавуваат „бел штрајк“, односно ќе одат на работа ама нема да ги извршуваат своите секојднвени задолженија во полн обем.
Бараат да им се вратата додатоците на плати до 35 посто и промена на Правилникот за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судските службеници со определен процент во зависност од сложеноста на работата.
„Не може со укинување на некоја одредба некој да добие права, дополнителни права, додека вработените во судска служба со тоа да ги изгубат оние стекнати права како додаток на плата до 35 отсто. Огромни се разликите во плата од судија до службеник, стручен соработник и не можеме повеќе вака да работиме заедно кога гледаме дека само нив им се покачува платата а за нас нема ни за додатоци за плата“, велат нивните претставници.
Тие имале средба со претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиевски, кој истовремено е и прв човек на Судскиот буџетски совет, кој треба да ги одобри парите за нивните додатоци. Георгиевски побарал од нив трпение до септември.
Разликите во плата од судија до службеник или стручен соработник се огромни и на овој начин не можат повеќе да работат заедно со нив со оглед на тоа дека само ним им се покачува платата, а за судската служба нема ни за додатоци на плата, велат синдикалците и бараат додатоците за плата да се исплати уште во мај.
Синдикалците сега ќе бараат средби со претставници на министерствата за правда и за финансии.