Во политичкиот магазин „За или против“ на ТВ АЛФА гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Анотнио Милошоски, тој вели дека според него, скандалозниот договор власта не го покажува на јавноста оти во него познавачите веднаш ќе ги пронајдат клаузулите каде се крие корупција.
Моето мислење е дека криењето на договорот има причина, причината е криењето на високата корупција која е содржана во многу клаузули од овој договор со изведувачот, а потпишан од страна на министерот Бочварски и директорот на државни патишта Ејуп Рустеми. Мислам дека овие двајца луѓе при потпишувањето, според она што можевме од свиркачи да го дознаеме, потпишале нешто што било надвор од нивните законски овластувања. А во интерес на изведувачот и притоа на штета на буџетот на Р.Македонија.
Затоа мислам дека го кријат договорот, бидејќи доколку би го покажале договорот во јавноста, стручната јавност, ДКСК, градежните стручњаци, многу лесно ќе можат да ги увидат клаузулите каде што е сокриена високата корупција. Она што може да се забележи од договорот кој ние го добивме по нефромален пат, е дека најмалку 20 градежни материјали кои што треба да бидат вклучени во изведувањето на дел од Коридорите 8 и 10 немаат утврдена цена.
Второ, референтната цена во меѓународните договори за градба најчесто се поврзува со цената на златото, нафтата,сребро, вредноста на американскиот долар и сл. Кои имаат рамномерен тек во глобалните ценовни поместувања, тука во овој договор на Артан Груби и Ковачевски, цената не е по тоа, вели Милошоски.
Пратеникот смета дека злоупотребата на европското знаменце, со кое власта ги турка законите за Бехтел и Енка во Собранието е потенцијална опасност, Македонија да добие блокада за преговорите со Унијата.
Загрижен сум дека во иднина и кога Македонија еден ден реално ќе ги отпочне преговорите за членство со ЕУ нема да биде само Бугарија едиствениот проблем, може врз основа на ваквие непромислени постапки на владата на Груби и Ковачевски, да се јави земја како Австрија, Холандија, Данска и да стават блокада на евроинтегративниот процес токму заради злоупотреба на европското знаменце, вели Милошоски.