Aнтикорупционерите не го добиле целосниот договор со „Бехтел и Енка“ од Владата и во доставената документација недостасуваат прилози кон договорот, објавува ТВ Телма. Од Антикорупцикста комисија се обратиле до Владата од каде биле информирани дека е истата документација која била испратена до Собранието. Што точно има во деловите кои недостасуваат не може да проценат и не ја искучуваат можноста да испратат допис до премиерот и генералнито секретарл на Владата.  Антикорупционерите поседуваат безбедносни сертификати со кои им е овозможено да го добијат целосниот договор и покрај клаузулата за доверливост.

-Можам да ви кажам дека не сме добиле целосен договор. Разговарав со генералниот секретар на Владата, ме иузвести дека тоа е обнаа верзија која е доставена до Собрание. Ние ќе бидиме колку ќе може да исцрпиме информации од тој договор. Очигледно е дека недостасуваат прилози, не знма што содржат тие прилози. Во секој случај ни се усложнува работата.  Ќе оцениме и ќе испратиме допис. Битно е што содржат тие прилози, на што се однесуваат. Јас во моментов не знам. Ако има потреба ќе ги побараме, изјави Билјана Ивановска, претседател на ДКСК

Тим антикорупционери веќе ги проверува деловите и деталите наведени во доставениот договор кои се однесуваат на законите, лиценците и надзорот но станува збор за обемен материјал.

-Се што е поврзано со надзорот, законите, лиценците, трасата, експропријацитата, се работат веќе. Распределени се задачите кај советници и кај колегите, рече Ивановска.

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека договорот е испратен до Обвинителставото и Антикорупциската комисија а чекаат од Собранието да се избере Комисија за да се презентира договорот.

-Договорите се доставени до Обвинителството и до Антикорупциската комисија од страна на ЈПДП. Испратено е писмо до Собранието на соодветна комисија која ќе ја избре Собранието а на барање на опозицијата на која ќе биде доставен и презентиран договорот од страна на преставници на Владата. Тоа засега го нема направено Собранието но кога ќе го побара ќе биде доставено, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Од Владата засега нема одговор на тврдењата на Антикорупциска.