Рекордни 297 милиони долари награда на Комисијата за хартии од вредност и тргувања на берзи (СЕК) биле дадени на поткажувач а поврзано со случајот на странски коруптивни практики против телекомуникациската компанија „Ерискон“, јави денеска Волстрит журнал.
СЕК на 5 мај објави дека е доделена рекордна сума пари во висина од 297 милиони долари на извор кој помогнал да се открие криминална шема со корпција, без детали за каква истрага станува збор и без именување на информаторот кој ја добил наградата, почитувајќи ги правилата за заштита на свиркачите.
Во 2019 година шведската компанија постигна спогодба со американските власти за исплата на казна од 1.1 милијарда долари, а поради прекршување на антикорупциските закони на САД, јави весникот, повикувајќи се на свои извори. Исплатата е една од највисоките досега, а во однос на Законот за странски коруптивни практики, американски антикорупциски закон што забранува давање мито на официјални лица од други земји за освојување бизнис.
Обвинителите од јужниот округ на Њујорк во Менхетен подигнаа тужби против „Ериксон“ поради тоа што компанијата од 2000 до 2016 година водела незаконските дејствија во Џибути, Кина, Виетнам, Кувајт и Индонезија. Во обвинителниот акт е истакнато дека подружници на „Ериксон“ правеле бизнис зделки во овие земји вредни 427 милиони долари, а со употреба на трети страни кои поткупувале официјални лица од Саудиска Арабија, Кина и Џибути.
Волстрит журнал јави дека американските власти моментално водат истрага за историските операции на компанијата и во Ирак. „Ериксон“ соопшти дека соработува со истрагата.
Според правилата на СЕК, поткажувачот може да добие награда од 10 до 30 отсто од казните исплатени од осудените компании, а по успешна акција на безбедносните служби како резултат на исправноста на предадените информации. За да се добие таква награда, минималната сума исплатени казни треба да биде барем еден милион долари.
Исплатената награда од 279 милиони долари доаѓа по наградата вредна 118 милиони долари исплатена од СЕК во 2020 година во друго кривично дело.