Објавувањето на резултатите од вториот круг на претседателските избори во Турција започна откако изборната комисија го повлече ембаргото за објавување вести поврзани со резултатите.
Според новинската агенција Анадолу, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган води пред опозицискиот противкандидат Кемал Киличдароглу со 5 проценти од гласовите. Според Анадолу, од обработени 91,76 проценти од гласачките кутии, Ердоган води со 52.50% од гласовите, пред Киличдароглу со 47.50 проценти.
Новинската агенција АНКА, сепак објавува за малку потесна трка меѓу двајцата кандидати. Според нив, од обработени 87.04 проценти од гласачките кутии, Ердоган води со само еден процент повеќе од Киличдароглу, односно актуелниот претседател освојува 51.35 проценти пред опозицискиот лидер со 48.65 проценти од гласовите.
Мала разлика кај двете агенции има и кај процентот на излезност. Анадолу пренесува дека таа била 85,41 проценти, додека според АНКА таа изнесува 85.5 проценти.