Велика Британија почнува кампања во која се апелира до Албанците да не мигрираат во оваа земја.

Министерството за внатрешни работи на Велика Британија во наредните денови ќе почне кампања со која ќе ги советува албанските граѓани да не мигрираат во Британија.

За таа цел е направен оглас на албански јазик кој ќе им се појави на албанските корисници на Фејсбук и Инстаграм, а во него Албанците се предупредуваат дека во случај на обид за миграција ќе се соочат со притвор или депортација. , објави Би-Би-Си.

Владата во Лондон најави дека кампањата ќе започне следната недела и дека ќе биде многу јасно што ги чека мигрантите кои ќе пристигнат со чамци.

Албанците најмногу аплицираат за азил во Британија и до март годинава 13.714 државјани на Албанија побарале да останат на островот.

Според британската полиција, Албанија е „безбедна и просперитетна земја“ и многу националности патуваат низ бројни земји за да стигнат до Британија, а потоа кога ќе пристигнат поднесуваат барања за азил на лажни основи.