Само неколку дена пред крајот на оваа учебна година на дел од учениците во Македонија им стигнаа учебници, но некои ќе ја завршат учебната година и без нив.
Дел од учениците од петто одделение, пред два дена, добиле учебници по македонски јазик за учебната 2022/2023 година, објави порталот МКД.
– Откако цела година им диктираа, им принтаа материјали, конечно стигна и учебникот, само неколку дена пред крајот на учебната година. Зошто воопшто за една недела трошеа пари да ги испечатат. Да се брои дека имало учебници?! Нека ги зачуваат за следната година, коментираат родители од Иницијативата Учебници и настава мора да има.
Но, дел од училиштата сè уште ги немаат добиено учебниците.