Се уште нема учебници зе некои одделенија. Кога учебниците ќе добијат книги, се уште никој уште не знае, зашто биле во завршна фаза, односно кога ќе поминеле низ повеќе филтри поради новите содржини.

Според министерот за образование Шаќири постои надеж дека учениците од прво, второ, четврто и од петто одделeние во основните училишта ќе добијат учебници пред второто полугодие, откако ќе се избере фирма која ќе ги печати.

Првачињата, од второ, четврто и петто одделение наместо од учебници ќе учат од материјали кои ќе им ги обезбеди ресорното Mинистерство.

Шакири нагласи дека сите постапки се запазени од јануари кога ја презел функцијата и дека се спроведени најбрзи рокови, а по ребалансот на Буџетот се обезбедени и средствата за печатење на учебниците за овие одделенија.

– Оваа година се спроведени најбрзи рокови за учениците да ги добијат учебниците за шесто, седмо, осмо и деветто одделение. За прво, второ, четврто и петто одделение знае целата јавност за барањето да се вратат печатените учебници. Националниот совет за учебници е формиран во февруари и имаа повик за анонимни автори за учебниците. Некои од учебниците се веќе одобрени од Советот и тука за нив е завршена постапката. Потоа имаме постапка за економскиот оператор која сѐ уште не е завршена. За децата да немаат пропусти во образовниот процес, од БРО побаравме материјали кои се подготвени навремено. Тие се за периодот од тримесечјето, но истовремено ќе пристигнуваат учебниците, воедно ќе го продолжиме и концептот на дигитализација, изјави Шаќири по посетата на ОУ „Васил Главинов“ во општина Чаир.