„Сакам да се заблагодарам на целиот мој тим, на сите граѓани што доаѓаат на овие средби. Ние сме повторно во Гази Баба. Поминавме доста недели на терен, поминавме како партија, како ВМРО-ДПМНЕ преку 800 населени места, села, општини, маала. И навистина убаво е да се разговара со граѓаните“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски при теренска посета насловена „Ова е Македонија за сите“.
Мисајловски додаде дека би сакал да го поздрави градоначалникот на Гази Баба, но исто така градоначалникот на Ѓорче Петров, градоначалникот на Бутел, сите градоначалници во изборната единица два што се од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи навистина има разлика кога ќе се отиде на терен. Навистина има нови проекти, може да се види насекаде дека се гради нешто ново, нови спортски игралишта, нови терени, нови улици, и тоа е ВМРО-ДПМНЕ.
„Јас навистина од се срце им благодарам што тоа го прават. Но, многу е важно и што во многу населени места постојано потенцираат што следно ќе прават наредните години и што планираат сега. И заедно со нивните тимови, со сите советници покажуваат дека сме многу различни и тоа е за пофалба. И мене ми е драго што со сите нив трчавме кампања, трчавме за граѓаните да видат разлика и тоа се случува. Но, исто така драго ми е што секој ден може да ги разговараме сите тези, сите проблеми, да ги објаснуваме нашите тези, но и да ги слушнеме граѓаните што нив ги мачи. Но и да слушнеме мислење и коментари“, појасни Мисајловски.
Тој посочи дека моментално има турбулентно време каде што граѓаните навистина се разочарани од секојдневието, особено од економијата, од здравството, од образованието. Може да се види дека први наслови на сите вести се каде се бркаат доктори од клиники, каде што Македонија има руинирано здравство, каде што нема учебници за дечињата, нема доволно проекти итн.
„Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со овие средби, но и секако да ги каже нашите ставови по главните прашања. Сакам да го потенцирам ова е тоа дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаква уцена под бугарски диктат. Ние како пратеници сме единствени и ќе останеме единствени. Затоа секогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе биде браникот на националните интереси бидејќи тоа го должиме на сите граѓани. Важно е да го извадиме СДСМ и ДУИ на површина и да покажеме дека они како партии се одговорни за сите проблеми што се случија во Македонија со носење на огромни штетни последици со тие штетни договори што ги потпишаа“, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мисајловски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ води на анкетите и тоа значи дека набрзо ќе Македонија ќе има нова Влада.