Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите пласирани од партијата ВМРО-ДПМНЕ за некакво влијание на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски во случај кога е нападнат полициски службеник, како и наводна инволвиранст на неговиот син.
Можеби ќе ве интересира
„Станува збор за класична дезинформација. Ниту имало влијание ниту некој може тоа да го направи, ниту бил инволвиран синот на директорот на БЈБ. Напротив, вистината е дека на 3 јуни околу 01.45 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје имаше уште една во низата успешни акции на полицијата. Лишени од слобода се три лица и биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана, а лицата ќе одговараат пред законот и за напад на полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Настанот е соодветно објавен во извадокот од дневни настани кој МВР секојдневно го објавува“, се наведува во соопштението од полицијата.
МВР и порача на ВМРО-ДПМНЕ „да не шири лаги, затоа што очигледно им пречат одличните резултати на полицијата во справувањето со криминалот“.