Професорката од Државниот универзитет во Тетово, д-р Семијал Хасани Зибери е избрана за помошник на Артан Груби, главниот и одговорен координатор на проектот за изградба на коридорите 8 и 10Д кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“, дознава „А1он“.
Таа била најдобриот кандидат на конкурсот кој наместо изведувачот, го распиша Јавното претпријатие за државни патишта, а во кој се бара привремено вработување на работници за изградба на четирите делници од коридорите 8 и 10Д.
Таа ќе добива плата од 70.052 денари месечно и ќе работи, според критериумите објавени во огласот, само осум часа дневно во прва смена. Не е познато дали помошничката на Груби ќе има еднаква можност како и работниците, да работи повеќе од осум часа, односно максимални 20 часа неделно прекувремено.