Енергетскиот експерт, професорот Константин Димитров, за весникот ВЕЧЕР вели дека струјата сигурно ќе поскапи, пред сè, поради растот на ДДВ-то од 10 на 18 отсто, што стапува на сила од први јули годинава.
Од друга страна, како што вели Димитров, дополнително се покажуваат загуби кај трансформаторите од 80 до 90 отсто, а сите знаеме дека повеќе од 5 отсто не може да биде загубата.
Оштетени од сето ова се граѓаните кои редовно ги плаќаат сметките.
Бислимовски за весникот ВЕЧЕР вели дека е уште рано да се зборува за цената на електричната енергија, бидејќи компаниите точно не ги дефинирале своите трошоци, пресметките ќе бидат готови за околу две недели.