Лично не прифаќам дека нашата земја е задоволна со регирање на најформален начин на нападот врз Бугарин во Струга изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова. Таа изрази изненаденост што бугарското Министерство за надворешни работи се задоволило само со тоа да го повика на разговор македонскиот амбасадор во Софија и да му врачи нота, пренесе БТА.

Јотова изрази став дека е дојдено време да се одржи средба на највисоко ниво меѓу двете влади, бидејќи без разлика на францускиот предлог и на тоа што Бугарија се согласила, нема развој во односите.

„Заедничката историска комисија е блокирана, од првично договореното ништо не е спроведено, и постои фокус на текстот што треба да се промени во Уставот на Северна Македонија, а забораваме на заедничките протоколи. Во нив се зборува за учебници, историски датуми, настани и личности, за отварање на досијеата кадешто треба да се прочита целата антибугарска активност“, посочи Јотова.

„Наместо реални резултати и основно почитување на договорот за добрососедство, Бугарите во Северна Македонија што немаат причина да се срамат за нивната националност ги тепаат. Не се ни осмелувам да помислам дека новата бугарска влада ќе отстапи од веќе воспоставената бугарска позиција, тоа би било национално предавство“, рече Јотова.