Според последните добиени податоци во ЦУК од хидролошките станици низ земјава се уште е висок водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар и таму се очекуваат локални излевања на реката, особено во Полошката Котлина. Исто така, во Скопје на реката Вардар е регистриран прилично висок водостој и е можно, речиси до горе, да биде исполнето со вода првото (минор) корито на реката, велат од ЦУК

Освен приливот од дождовите во реката Вардар ќе нема дополнителен прилив на вода во коритото откако Центарот за управување со кризи (ЦУК) координираше да се сопре целосно истекот од ХЕЦ „Вруток“.

Од Центарот за управување со кризи велат дека поради тоа што нивото на реката Вардар е високо градоначалниците во Полошко треба превентивно да се подготвуваат за можните излевања да не бидат на штета на населените места во Полошката котлина.„Според последните добиени податоци во ЦУК од хидролошките станици низ земјава се уште е висок водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар и таму се очекуваат локални излевања на реката, особено во Полошката Котлина. Исто така, во Скопје на реката Вардар е регистриран прилично висок водостој и е можно, речиси до горе, да биде исполнето со вода првото (минор) корито на реката“, информираат од ЦУК.

Зголемен водостој, според информациите од ЦУК, се очекува вардар да има и низводно од Скопје кон Орешани, Зелениково, Таор и Велес.

Исто така, според ЦУК и нивото на реката Треска се уште е високо, додека на останатите водотеци има намалување или стагнација на водостоите во однос на утринските.

Центарот за управување со кризи предупредува на внимателност при движење покрај речните корита и поројните суводолици особено во реони на поројните поплавувања, а и на територијата на државата каде што ќе има поројни локални дождови.