Бројот на повредени во експлозијата и пожарот во Париз се искачи на 29.

Покрај тоа, две лица се сметаат за исчезнати. Во тек е пребарување на урнатините. Директорот на блиското музичко училиште вели дека експлозијата била толку силна што го соборила на подот додека бил во својата канцеларија.

Целото пошироко подрачје околу експлозијата е опколено од полицијата, а жителите на неколку околни згради се евакуирани.

Полицијата во моментов ги прегледува снимките од безбедносните камери за да ги утврди деталите за експлозијата. Така дошле до заклучок дека експлозијата се случила точно во 16 часот и 55 минути.

На видеото се гледа и човек кој влегува во зградата непосредно пред експлозијата.