Писмото на австрискиот амбасадор стигна до Судскиот совет и до Јавното обвинителство. Советот ќе ги проверува наводите за влијание врз судии, обвинители, извршпители и нотари во случајот со фирмата на братучетката на Зоран Заев. Обвинителството, пак, постапува по три кривични пријави од австриската компанија која не може да си го наплати долгот од 4 милиони евра од македонската фирма за корнишони во сопственост на Емилија Заева.
Според информациите од Судскиот совет, членовите биле известени за случајот преку поднесок што го поднел амбасадорот и во прилог доставил и исечок од објавен текст во неделникот „Фокус“.
Од содржината на примениот допис, членовите на Советот на работен состанок констатираа дека поголемиот дел од наводите се однесуваат на незадоволство од постапувањето на Јавното обвинителство, а во еден дел се споменува и трговски спор што се води пред Основниот суд во Гевгелија, кој е во тек. Во содржината на дописот, амбасадорот истакнува сомнеж дека спорот се води под надворешни влијанија. Од работната средба произлезе заклучок дека наводите во известувањето ќе бидат проверени од страна на координаторите на Основниот суд во Гевгелија и Апелацискиот суд во Скопје, со непосреден увид во списите на предметот, дејствијата преземени од страна на судовите и евентуално донесените одлуки“, инфомираат од Судски совет.
Обвинителството води истрага дали вработени во Катастар ја оштетиле, фирмата за која реагираше австрискиот амбасадор.