Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека вечерва ќе бидат распоредени околу 45.000 полицајци, исто како и вчера.
Тој потврди дека е испратено засилување во градовите Марсеј и Лион, откако тамошните власти побарале поголема помош.
Не е јасно дали засилувањата се додадени на веќе постоечките 45.000 полицајци или властите едноставно префрлаат полицајци во Марсеј и Лион од друго место.
Еден искусен полицаец, кој беше на првата линија на судирот повеќето ноќи за време на немирите во југозападниот град Тулуз, призна дека ситуацијата е крајно комплицирана.
Тој рекол дека неговиот тим ги следи сите профили на социјалните мрежи, особено апликацијата Snapchat, за да открие каде веројатно ќе се соберат младите и колкумина ќе се појават.
Тој рече дека во една вечер може да има 200 луѓе, следната вечер до 1.000, па затоа е тешко да се знае колку полицајци треба да бидат подготвени секоја вечер. Дополнително, тој додаде дека немирите ги зафатиле населбите кои немале претходно искуство со урбано насилство.
Францускиот министер за правда Ерик Дупон-Морети изјави дека 30 отсто од илјадниците уапсени се малолетни.
Исто така, додаде тој, демонстрантите запалиле 2.000 возила од почетокот на немирите.
Повеќе од 200 полицајци се повредени, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.
Покрај тоа, повеќе од 700 продавници, супермаркети, ресторани и филијали на банки се „ограбени, а понекогаш дури и целосно уништени од вторникот“, рече министерот за финансии Бруно Ле Мер