Хрватските медиуми пренесуваат дека вечерва во населбата Канак во Сисак, машко лице пукало од калашников, и притоа убило едно и ранило неколку лица.

Населбата веднаш била блокирана и стигнале полициски екипи. Деталите и натаму се непознати.

Едно лице е убиено, а повредени биле неколку лица.

Напаѓачот, кој е во бегство, запалил и три куќи.