Навивачката група на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, Комити, на својата официјална страница на Фејсбук објави: Понеделник е Вардаров ден, а Вардар е клуб на народот.
Во продолжение целата објава на Комити:
ПОНЕДЕЛНИК – ВАРДАРОВ ДЕН!
Поради симболиката, и огромната заинтересираност, тренингот во понеделник ќе се одржи на стадионот на АРМ, веднаш до Градскиот стадион, домот на ФК Вардар!
Собирот, како некогаш, ќе започне на Фонтаната во Градскиот Парк, од 18 часот.
На собирот ќе се одржи продажба на маичките „Вардар – клуб на народот“, а покрај тоа и сите присутни ќе се запознаат со начелата, на најголемата акција за купување на членските карти, со кои ќе може да се проследат сите домашни натпревари на ФК Вардар, за наредната 2023/24 сезона.
Во 18:45 часот ќе се упатиме сите заедно, кон стадионот, каде што ќе им ја дадеме најважната поддршка на нашите херои!
Сега е потребно присуство, повеќе од било кога претходно. Клубот е целосно во рацете на навивачите, на народот, а тоа треба да биде и повеќе од доволна причина за присуство. Ти си Вардар, нема никој друг, затоа дојди!
СИТЕ НА ТРЕНИНГ – ЗА КЛУБОТ НА НАРОДОТ!