Навивачите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, денеска направија мал спектакл на тренингот на екипата, на кој имаше повеќе верна публика составена од скопските Комити, отколку многу прволигаши на првенствени натпревари

На овој начин навивачката група Комити им покажа на фудбалерите на Вардар дека ќе биде со нив во текот на сезоната по враќањето во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

На денешниот собир во Скопје се продаваа сезонски билети и клупски обележја, како дел од акцијата за помош на клубот.

Видеото може да го отворите ТУКА.