Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години со победа го заврши настапот на Меѓународниот турнир „Боби Петковски“, совладувајќи го во третото коло Израел со убедливи 82-59.

Избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ во претходните две кола на турнирот во Гевгелија претрпеа пораз од Грција (66-93), а ја совладаа Црна Гора (70-67).

Победничкиот пехар на второто издание на Меѓународниот турнир „Боби Петковски“ го освоија грчките јуниори, кои синоќа ја совладаа Црна Гора со 86-50 и го завршија настапот во Гевгелија со максимални три победи.