Жителите на Слупчане, за да ги спречат екипите на ЕВН да влезат во селото да постават нов систем за мерење на потрошената струја, запалија гуми, а за смирување на состојбата се вмеша министерот за економија, Крешник Бектеши, кој заедно со градоначалникот на Липково даде гаранција дека екипите на ЕВН може безбедно да влезат во селото и да интервенираат.
Граѓаните се шегуваат дека во Слупчане измислиле бесплатна струја, а бараат во сметките од ЕВН да има и графа Слупчане, Арачиново за граѓаните да знаат колку плаќаат за овие потрошувачи.
Ова се дел од коментарите на граѓаните, кои ги објави порталот Курир..
Извор: Курир