Министерот за надворешни работи Бујар Османи извести дека и „нашиот сојузник Шведска се приклучува во трансатлантското семејство“. Османи на својот профил на Фејсбук напиша дека „има одлични вести од Вилнус и дека по членството на Финска, ова е најважниот политичко – безбедносен настан“.
– За време на НАТО самитот се постигна политички договор со кој нашиот сојузник Шведска се приклучува во трансатлантското семејство, продолжувајќи го патот до полноправно членство како 32 земја – членка на НАТО. По членството на Финска, ова е најважниот политичко – безбедносен настан кој не само што значително ја зајакнува моќта на Алијансата, туку и силно ќе влијае на долгорочната безбедност и стабилност на Европа, напиша Османи.