Ако паднеме на оваа лесна формална пречка наречена внесување на Бугарите и другите во Уставот, сигурно ќе ни требаат барем најмалку 15 години да дојдеме до точката, на која сме сега и тоа во идеални услови, вели Ана Чупеска, членка на Комисијата за уставни промени на Владата и професорка по политички науки на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје.

– Тие услови нема да бидат такви во реалноста, затоа што со сигурност ќе излеземе од вниманието и интересот на нашите стратегиски партнери. Во едно такво сценарио ќе бидеме принудени на многу поголеми и посуштествени и не само уставни измени. Внатрешните превирања и можните сценарија се особено загрижувачки и се движат од бугарско сценарио, до авторитаризам и внатрешна дестабилизација, па се до внатрешноексплозивна меѓуетничка тензија, пишува Чупевска во колумна во Либертас.

Во сите случаи, додава Чупевска во колумната, тие се придружени со сериозни безбедносни опасности. Освен што професорката Чупевска ги заплашува граѓаните таа „ги тегне за уши и се обидува да ги поревоспита“ опозицијата и сите што не се како нејзе на провладината линија за „брз влез во ЕУ“ и се против измените на Уставот за внес на Бугарите.

– Приказните за нова преговарачка рамка, за ревизија на Преспанскиот договор се неможни и неостварливи! Доста лажете! Освен, во случај, ако намерата не ви е да се вратиме во многу понеизвесни состојби и да се испентариме на безбедносен ролеркостер (вид метална конструкција во облик на воз, кој оди по шини со голема брзина, со нагли скокови, падови и вртења), пишува меѓу другото Чупевска во нејзината колумна.

При изборот на Чупевска во владината комисија на Уставот реагираше ВМРО-ДПМНЕ:

-Ана Чупеска, која себе се претставува за експерт, а во слободно време поддржува повици за апсење на новинари и нивно затворање. Самата Чупевска даде поддршка на Бранко Тричковски кој се придружи во хајката на Ахмети кон новинарите на националните телевизии како Телма и Алфа, реагираше опозициската партија.

Целата реакција на изборот на владините „независни експерти“ може да ја прочитате на линкот под текстов.