СДС во работната група за уставни измени како да пресликале своја општинска организација, сите кадри на Кацарска судството и дежурни платени пера на СДС и ДУИ сакаат да го кројат Уставот. Очигледно е дека ниту еден експерт, интелектуалец од областа и професор не сака да биде дел од циркусот на власта, па најдоброто кое што го предлагаат се партиски луѓе и поранешни функционери извадени од пензија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога во врвот на списокот на СДС е Бранко Наумовски, татко на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров. Александар Наумовски јасно е колку таа работна група навистина е експертска и независна. Одиме со ред. Сали Мурати, претседател на Уставниот суд пред Кацарска е судијата кој им ги зголеми платите на судиите под образложение дека се гладни, а самиот тој тежи куќа во гостиварско, стан во Гостивар и стан во Скопје. Како независен експерт власта ја продава и Беса Арифи, сестра на долгогогидишниот функционер на ДУИ и градоначалник на Тетово, Теута Арифи, но и Маргарита Цаца Николовска, кадар на СДС од претседател на ДИК, судија до судија во Стразбур, се наведува во партиското соопштение.

Понатаму, ВМРО-ДПМНЕ посочува дека во комисијата е и Бајрам Положани, дежурен подржувач на криминалното СЈО, кој не испушташе дебатна емисија да дава легитимитет на обвинителите криминалци.

-Ана Чупеска, која себе се претставува за експерт, а во слободно време поддржува повици за апсење на новинари и нивно затворање. Самата Чупевска даде поддршка на Бранко Тричковски кој се придружи во хајката на Ахмети кон новинарите на националните телевизии како Телма и Алфа. По мерка на СДС е и Јагода Митревска, која нагласува дека има искуство од набљудување на кампањи во Русија. Па така од набљудувач на кампањи во Русија до креатор на Уставни измени во Македонија. На листата експерти на СДС се најдоа и нивните дежурни поддржувачи во дебатните емисии како Марија Пандевска и Јетон Шасивари. Составот на работна група е доказ дека СДС и ДУИ не уживаат никаква поддршка за своите политики во стручната јавноста, па морале да вадат партиски луѓе кои ги користат како дежурни напаѓачи врз ВМРО-ДПМНЕ, поранешни функционери и луѓе со контроверзни ставови, посочуваат од партијата.