Министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „клик Плус“ на ТВ21 рече дека до вчера граѓаните инвестирале над 14 милиони евра во распишаната граѓанска обврзница која е замислена како концепт за намалување на црната трговија.

Денеска во 14 часот истече рокот за аплицирање за која граѓаните кои вложија средства во обврзница ќе добијат по 5 проценти камата. Бесими најави дека во септември ќе следува нова зелена обврзница и ги повика граѓаните и во иднина да ги инвестираат своите пари на овој начин.

„Вчерашните податоци се околу 600 граѓани и со тоа е надминат износот од 10 милиони. Уште вчера имаше некаде над 14 милиони. Фактите покажуваат дека кај граѓаните постои интерес, веќе уште пред да заврши периодот на пријавување имаше поголем интерес од тоа што го пријавивме ние првично во проспектот од 615 милиони денари. Таа што граѓаните ја препознаваат нивната можност во ова, одлична можност за нив, приносот е атрактивен, инвестицијата е сигурна, безризична“, рече Бесими.

Според Министерството за финансии, таа нема за цел да го финансира буџетот, туку да се раздвижи пазарот на капитал и намалување на сивата економија, бидејќи ја активира готовината на граѓаните. Проспектот на аукцијата е објавен на 600 милиони денари, но доколку има интерес за 15 милиони евра ќе се запише целиот износ.