Министерката за екологија, Каја Шукова, не ги погледнала видеата кои ги објави Алфа како аларм дека изворот на вода за цело Скопје, е во сериозна опасност да биде загаден со фекалии. Тврди дека се е во ред со системот, и ако имало каков било проблем, ќе била информирана од директорот на Инспекторатот за животна средина. Строијата за фекалиите кај изворите Алфа ја уште минатиоот викенд.
Министерката за екологија Каја Шукова не знае дека се излеваат фекалии во непосредна близина на Рашче. Тврди дека немало можност за загадување на водата од која пијат половина милион скопјани.
Во моментов нема такви индиции дека се загрозува системот. Вршиме редовни контроли. Постојано сме во соработка со Државниот инспекторат за животна средина. Секоја индиција за какво било загадување веднаш излегува инспектор за животна средина на увид. Ако има какви било состојби веднаш се санираат. Вршиме редовна контрола. Инспекторат врши редовно контрола. Ние реагираме на сите дојави и на граѓаните и на општините во зависност од тоа за каков проблем станува збор – увери министерката.
Алфа уште минатиот викенд објави дека фекална вода истекува во нивите во непосредна близина на заштитната зона на Рашче. Мештаните пред нашата камера се пожалија дека на целиот крај му се заканува еколошка катастрофа и дека никој, ни Оштина Сарај, ни Министерството за животна средина не преземале ништо.
Министерката Каја Шукова денеска тврди дека не слушнала за ова иако Алфа уште пред пет дена испрати прашања до институцијата со која таа раководи, прашања за кои никогаш не добивме одговор.
Да ви кажам искрено јас тие снимки не сум ги видела, слушам од вас. Меѓутоа, за секој ваков проблем редовно не информира Државниот инспекторат. Јас со директорот не сум имала комуникација на оваа тема. Ако има нешто такво јас мислам дека Инспекторатот ќе изврши увид и ако имаме дополнителни информации ќе ја информираме јавноста – изјави Шукова.
Инаку, на изворите Рашче им се заканува и друга опасност, од другата страна на планината. Минатата година кал и отпад беа исфрлани непосредно до заштитната зона на изворите, во близина на Јегуновце. Алфа и тогаш предупредуваше на опасноста, но надлежните се уште не преземаа ништо.