Американскиот милијарред, извршен директор на Тесла и Спејс Икс и сопственик на Твитер, Илон Маск, ја критикуваше одлуката на САД да ја снабдува Украина со касетна муниција, нарекувајќи ја лицемерна.
– Америка отсекогаш ги жигосувала како злобни оние кои користат касетни бомби, а сега ги испраќаме да се користат? Ништо добро нема да излезе од тоа. Судбината сака иронија, но мрази лицемерие, објави Маск на Твитер.
Белата куќа го нарече купувањето касетна муниција од Украина „привремена опција додека не се зголеми производството на артилериски гранати во САД“, нагласувајќи дека овој потег е воено неопходен за да се спречи Украина да остане без муниција во критична фаза од конфликтот.
ОН ги повика завојуваните страни да не ја користат контроверзната муниција, која е забранета во повеќе од 120 земји. Одлуката беше објавена на 7 јули, во пресрет на самитот на НАТО во Литванија.
Конвенцијата со која се забранува употреба на касетни бомби, кои се отвораат во воздухот и испуштаат многу помали проектили при истрелување, ја потпишаа повеќе од 120 земји, но не и САД, Русија и Украина.